Радио Кочани
Кочани

ТППЕ – Кочани: Земјоделците да не ги палат стрништата, остатокот од жетвата да се носи во станицата за пречистување на отпадните води

602

Командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов апелира до сите земјоделци од регионот да не ги палат стрништата, туку остатоците од жетвата да ги носта во  станицата за пречистување на отпадните води во Мојанци , каде оттаму ќе добијат една вреќа органско ѓубриво со трговското име „Комвод“.

– Апелираме до земјоделците да престанат да ги палат стрништата, бидејки се една од најчестите причини за предизвикување пожари.

Знаеме дека е период кога земјоделците ги прибираат и последните земјоделски култури, а остататокот од растителниот отпад го палат заедно со сувата трева и стрништата во близина што не е дозволено.

Со цел да не дојде до ризик од големи пожари на кои бевме сведоци изминативе години. Затоа апелираме да го складираат таквиот отпад и да го транспортираат до пречистителната станица за отпадни води во Мојанци, истакна Апостолов.

Истовремено, истиот апел го упати и  Државниот инспектор за животна средина во кој се вели „Не палете стрништа! Заштитете се себеси,  другите и животната средина“.  

Доколку земјоделците не ги почитуваат одредбите од законот, ќе им се изрече глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност,  ако запалат стрниште.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе