Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На над триесетина дечиња од пред училишна возраст во Детската градинка „Бисерчиња” и ученици во основното училиште „Синиша Стоилов” , Локалната самуправа на Зрновци и овозможи директен пристап и услуга, третман со стручно лице, Логопед.
Покрај работата со дечињата со потешкотии во изговори на букви, зборови и гласови, стручното лице, ќе работи и превентивно со сите дечиња кои се запишани во градинката.
-Со потпишаниот договор за ангажирање на стручното лице-Логопед, им ги решаваме тешкотиите и финансиските трошоци на сите родители кои во минатото биле изложени приватно и лично да бараат, чекаат со месеци да овозможуваат термини за работа со дечињата.
Согласно нашата стратегија и политика на Локално ниво за Социјална и детска заштита како и нашата насоченост кон тоа да помагаме на училиштето во нивниот напор да постигнат успех со континуирано подобрување на нивните програми, услуги и процеси, Наша заедничка цел е да израснеме и изградиме здрави и едуцирани генерации на дечиња во општина Зрновци, истакна за Радио Кочани, градоначалникот Борчо Коцев.