Радио Кочани
Кочани

Почнаа подготвителните активности за партерно уредување на просторот пред зградите во Стришани

761

КЈП „Водовод” и Општина Кочани ги почнаа подготвителните активности за партерно уредување на просторот пред зградите во Стришани.

Ќе се  изврши уредување и поплочување со бехатон плочки на површина од 440 квадратни метри.

Исто така, ќе се направи и подигнување на постоечките решетки за подрумите на зградата и префарбување на капаците на постоечките отвори за канализационата мрежа.

Предвидено е отстранување на постоечките клупи и канти и набавка на четири корпи за отпадоци, една клупа со форма на полукруг, една со кружна форма, како и три  парковски клупи.

Постоечките три жардинерии, ќе бидат отстранети и на нивно место се предвидени нови, со помали димензии. Предвидено е засадување на три листопадни парковски дрвја, како и поставување  декоративен камен.

КЈП „Водовод” – Кочани упати апел до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот, а особено околу местата каде се одвиваат градежни активности.

 

 

Може ќе ви се допадне
Kocani Radio