Радио Кочани
Кочани

Да бевме во „Газа“ подобро ќе живеевме, ни се пожали осумчленото семејство од Кочани

1,370

Да, го има ова и во 21-от век. Го знаеме, го гледаме, а како да не сакаме да го видиме! Брачниот пар Владимир и Рада Тасеви повеќе од 20 години живеат во домот, за кој велат дека го наследиле од своите родители, а со своите шест деца буквално престојуваат во една соба. Овде спијат, се хранат, се капат и подготвуваат за јадење, кога имаат што да зготват. Времето ги згазило, а условите се полоши и од „Газа“, ни рекоа зад камерите. Се обидовме да ги поттикнеме да ја раскажат својата несекојдневна приказна пред камерата на Радио Кочани.

Со ќебиња наместо врата, со пластична фолија наместо прозори, без електрична енергија со месеци, скромното осумчлено семејство побара од добрите и хумани луѓе и надлежните институции да помогнат колку се во можност, барем малку да им го разубават животот и да им ја ублажат болката со која секојдневно легнуваат навечер и се будат наутро.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio