Радио Кочани
Кочани

Еко активности на општина Кочани,  КЈП Водовод и учениците од кочанските училишта во знак на одбележување на Светскиот ден на чистењето…

480

По повод 20 Септември, Светскиот ден на чистење на планетата, Општина Кочани,  КЈП Водовод и учениците од кочанските училишта се се приклучија на глобалната акција за чистење на отпад.

Граѓанската активност во знак на одбележување на Светскиот ден на чистењето се одржа кај спомен домот  дом „Асном“, а  кон оваа иницијатива се приклучија голем број на граѓани давајќи гo својот придонес за расчистување на оваа локација.

Светскиот ден на чистењето е најголемата еднодневна граѓанска акција во светот во која се ангажираат милиони волонтери на сите нивоа од општеството во повеќе од 191 земја за да се справат со глобалната криза со отпадот.

Д.Михајлов

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе