Радио Кочани
Кочани

Западно-нилската треска беше кобна за жител од Чешиново – Облешево

1,578

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на Западно-нилска треска, извести Институтот за јавно здравје.

Според податоците на ИЈЗ тој е четврт случај годинава и е пријавен на 12 септември.

„Од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни болести беше информиран за случај со Западно-нилска треска.

Одделот за епидемиологија на заразни болести веднаш го информира надлежниот епидемиолог во ЦЈЗ Кочани. Регистрираниот случај е 78-годишно машко лице од општина Чешиново-Облешево, Кочани“, информираше ИЈЗ.

„Првичните симптоми кај пациентот започнале на 09 септември со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот утредента со возило од ИМП Кочани е испратен во КБ Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури.  Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители.

Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска.

Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација при КИБФС“, соопшти ИЈЗ.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio