Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Од (сабота) 7ми септември до понеделник Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе го одржи традиционалното меѓународно „Мото рели независност 2024″.
На истото ќе земат учество околу 400-500 мотоциклисти од земјава и странство.
Мото клубот ЖЕЛКИ од Кочани во соработка со Општина Кочани, по петти пат ќе ја организираат првата попатна пауза, која ќе се одржи во нашиот град.
Возачите ќе пристигнат во Кочани во Сабота околу 12 часот, овојпат местото на собирот ќе биде кај ресторан AQUA.
Мото-релито „Македонија независност“ е единствен спортски настан кој се одржува во континуитет точно 33 години.
Низ годините се реализира низ различни форми во зависност од околностите, а неговата примарна цел е промоција на моторциклизмот како спорт.
Д.Михајлов