Радио Кочани
Кочани

Кочанчанец изгубил контрола врз мотоциклот и паднал на коловоз, двајца повредени

3,527

Вчера во 17.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од улицата „14 Бригада“ и улицата „Цар Самоил“ во Кочани, 35-годишниот Е.С. од Кочани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, извести МВР.

 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.А.(43) од Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе