Радио Кочани
Кочани

Четиринаесет лица потпишаа договори за вклучување во програмата Општинско корисна работа

244

Четиринаесет лица се ангажирани за испорака на социјални услуги за жители на Кочани преку програмата Општинско корисна работа. Во наредниов период ќе работат пет негуватели во градинка, еден личен асистент, двајца посредници за донации, двајца олеснувачи за ромски деца, еден за социјални прашања и тројца негуватели за лица со попреченост.

Поздравувајќи ги ангажираните лица, градоначалникот Љупчо Папазов го истакна досегашното позитивно искуство и подготвеноста на Општина Кочани да учествува во финансирањето на социјалните услуги кон граѓаните.

– Придобивките и целите се намалување на невработените лица и стекнување обука за поголема конкурентност на пазарот на трудот, од една страна, а од друга страна со зголемувањето на социјалната услуга се подобрува квалитетот на животот на лицата во социјален ризик – истакна градоначалникот Папазов.

Социјалните услуги што ќе ги реализираат ангажираните лица се произлезени од регистрираните потреби на заедницата.

– Општина Кочани 12  години е дел од програмата ОКР, која  е финансирана од УНДП поддржана од МТСП и Агенцијата за вработување. Благодарение на овој проект во Кочани се разви услугата за нега во домот на стари лица, која прераснува во сервисна услуга со 30 работно ангажирани лица – соопшти Аника Илијевска Ѓорѓиева од Општина Кочани.

Лицата ќе бидат ангажирани со скратено работно време од 20 часа неделно, за што ќе добиваат бруто износ од 13.750 денари, од кои 20 % по лице се средства што ги обезбедува Општина Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе