Радио Кочани
Кочани

Движење ЗНАМ – Сведоци бевме дека едноставно СЕ СЛУЧИ НАРОД! Се слушна желбата и вољата на граѓаните за промени!

403

На првиот круг од претседателските избори, сведоци бевме на изборно револуционерен ден,  сведоци бевме дека едноставно СЕ СЛУЧИ НАРОД! Се слушна желбата и вољата на граѓаните за промени!

 

Во име на Движењето ЗНАМ, во име на претседателот Максим Димитриевски и во свое име,  сакам да им се заблагодам на сите наши поддржувачи, членови и активисти, на сите оние почитувани храбри и чесни луѓе кои го дадоа својот глас за Максим Димитриевски,  нашиот кандидат за претседател.  Резултатите покажаа дека создаваме историја, Движењето ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА,  иако постои само 4 месеци , веќе етрета по сила политичка партија во Македонија. Тоа е така, бидејќи самото Движење ЗНАМ произлезе од потребата да ја отслика вољата на граѓаните и да работи исклучиво за интересите на граѓаните! Тоа ни’ е аманетот! За Вас постоиме, од Вас сме создадени!  Народот покажа и докажа  дека е храбар и одлучен за промени! Народот покажа дека верува во ЗНАМ и ЗНАМ верува во народот, постои за народот и ќе продолжи да се бори за народот!

 

  • Ве повикувам на претстојните парламентарни избори, да ни’ ја дадете поддршката уште помасовно, да се одважите и охрабрите уште повеќе, да не се плашите ни од притисоци ни од уцени,  да гласате како што Ви налага срцето и совеста. Верувам дека голем дел од граѓанството ги препознава вредностите на ЗНАМ и дека сме опција која ја заслужува Вашата доверба и го заслужува Вашиот глас.

 

Храбро и одлучно, на 8-ми Мај заокружете го бројот 7  за  Ваши чесни претставници во Собранието, заокружете го бројот 7 за самите Вас, заокружете 7 за подобро сега и подобро утре, за достојна Наша Македонија!

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе