Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Априлска крводарителска акција – собрани 38 крвни единици
Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна априлска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 38 крводарители од нив 2 првократни и 21 лице до 30 годишна возраст. Акцијата е петта што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.