Радио Кочани
Кочани

Општински натпревар по прва помош 2024

460
Црвен крст – Општинска организација Кочани денеска во Спортската сала „Сашо Лазарев –Чапо“ го спроведе Општинскиот натпревар на екипите по прва помош 2024 год.
На натпреварот настапија 10 екипи во категориите младинци и подмладок од основните и средни училишта и во категоријата дисеминација.

Натпреварувачите се натпреваруваа на кружна патека, на пунктови за укажување на прва помош на симулирани случаи на повреди, пункт за дисеминација и пунктови со забавни содржини.
Првото место во категоријата младина и припадна на екипата од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, додека во категоријата подмладок првото место и припадна на екипата од ООУ „Кирил и Методиј“- Кочани.
Најдобро познавање на организацијата на Црвен крст и нејзиното работење прикажа екипата од СОУ „Љупчо Сантов“ кои го освоија првото место во категоријата дисеминација.

 Победничката екипа од категоријата младина, екипата на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани ќе ја претставува Општинската организација на Црвен крст – Кочани на Регионалниот наптревар на екипи по прва помош во месец мај во Радовиш.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе