Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Наскоро: Летно сметање на времето
Летното сметање на времето во 2024 година започнува ноќта помеѓу 30 и 31 март, кога ќе спиеме еден час пократко.
Стрелката потоа ќе се движи од 2:00 до 3:00 часот.
Промената на часовникот кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати – последниот викенд во март се префрламе на летно сметање на времето, додека последниот викенд во октомври започнува зимското сметање на времето.
Новозеландскиот ентомолог Џорџ Вернон Хадсон е одговорен за движење на стрелките на часовникот. Врз основа на неговото истражување за адаптација на животот во различни услови, тој дошол до заклучок дека животот на човекот е подобар во текот на денот отколку навечер.
Летното сметање на времето се користи уште од времето на СФРЈ од 1983 година, пред се заради очекуваниот економски бенефит, подобро функционирање на единствениот пазар, транспорт и врски, индустрија.