Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
AМФЕНОЛ ВРАБОТУВА – Project Manager FILEC
Моментално имаме потреба од 1(едно) ново вработено лице за работно место:
Project Manager FILEC
Одговорности и задачи:
- Учество во евалуација на планирање на проекти и изводливоста во соработка со внатрешни и надворешни компании.
- Креирање на спецификација на понуди како и валидација на истите.
- Воспоставување на обем на производство и капацитет врз основа на барањата на проектите.
- Идентификување и дефинирање на функционалните потреби на проектите.
- Примена на FMEA методи и изработка на контролни планови за обезбедување квалитет на процесот.
- Идентификување на ризиците и развивање на соодветни акциони планови.
- Ефикасно решавање на проблемите и пречките кои се јавуваат за време на проектите.
- Водење на преминот на проектите од фаза на развој во фаза на производство.
- Следење и евалуација на перформансите на проектите
- Ефективно координирање на мултидисциплинарните тимови за постигнување на целите на проектот во однос на квалитет, трошоци и време.
- Да се обезбеди нормално спроведување на проекти преку известувања до клиенти и менаџментот на FILEC.
Потребни квалификации:
- Техничко високо образование, познавање на методологиите на AMDEC и развој на контролен план.
- Способност за управување со проекти и решавање на проблеми.
- Комуникациски вештини и способност за тимска работа.
- Идентификување и имплементирање на иновативни решенија и технологии.
- Посветеност кон постигнување на целите на проектот.
- Фокус кон точноста и прецизноста во извршувањето на проектот.
- Познавање на англиски и француски јазик
- Компјутерски вештини: Познавање на Microsoft Office апликации
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 18.03.2024 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси.
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.