Радио Кочани
Кочани

Се гради „Кејската улица“ во Оризари

1,137

Во Оризари, од десната страна на Масалница, на потегот од влезот во селото кон црквата „Св. Атанасиј“, се гради улицата  „Кеј на револуцијата“.

Улицата е долга 600 м, широка 7 м, со тротоари од двете страни. Деновиве се работи на тампонирање на теренот, поставување на тротоарски и улични рабници и на поплочување на тротоарите. Проектот опфаќа изградба на потпорен ѕид, пропусти и сливници за атмосферска вода и поврзување со улицата „Ангел Донев“. Изведувач на работите е „Коле транс инженеринг“. Средствата во износ од 11,5 милиони денари се од Буџетот на Општина Кочани.

Паралелно со градежните активности, се работи и на уличното осветлување. Поставени  се фундаменти за уличните столбови. Работите ги изведува „Код инженеринг“ од Скопје. За изградба на јавното осветлување на дел од улицата „Кеј на револуцијата“ се наменети 2 милиона денари.

Со изградбата на овој потег од улицата, кејот на Масалница на влезот во Оризари целосно ќе се обликува. Во функција на уредување на кејот на реката се и порамнувањата и чистењето на теренот во горниот тек на реката.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе