Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска ќе потпише договори за грантови за пет проекти во рамки на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вкупна вредност од над 300.000 евра.
ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани е еден од петте добитника на ваквите грант договори. Со тие средства ќе се изврши реконструкција на покривот на кочанското основно училиште.