Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик одбележан од училишниот новинарски клуб „КиМ Ко – Инфо“ од ОУ „Св.Кирил и Методиј“
По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, членовите на училишниот медиумски (новинарски) клуб „КиМ Ко – Инфо“, од ОУ „Св.Кирил и Методиј“, подготвија брошури кои ги делеа на граѓаните на Кочани и на учениците од училиштето.
Преку брошурата, упатија пораки за важноста на мајчиниот јазик, за неговото зачувување и за неговата важност.
Исто така, членовите на „КиМ Ко – Инфо“, приготвија квиз за проверка на знаењата со прашања поврзани со македонскиот јазик, неговата историја и официјализација.
На линкот подолу можете да го проверите вашето знаење преку квизот, со него ќе си ги проверите или освежите вашите знаења за нашиот мајчин јазик и за личностите кои твореле на него.
Во училишната библиотека при ОУ „Св. Кирил и Методиј“, членовите на библиотекарската секција читаа творби приготвени за одбележување на Денот на мајчиниот јазик.