Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
AMPHENOL вработува – Електро Инженер – во производна единица ТЕЛ АД
Моментално имаме потреба од 1 (ЕДНО) ново вработено лице за работно место
Електро Инженер – во производна единица ТЕЛ АД
Опис на работни задачи и одговорности:
- Планирање во областа на електриката, инсталација на електрични струјни кола и нивно одржување
- Инженерство водство на проекти внатре во компанијата и во корелација со купувачи / клиенти
- Постојана комуникација и интеракција со инженери од други оддели во компанијата
- Следење и поддршка на процесот на производство – од развој до почеток на сериско производство
- Имплементација на промени од областа на електриката ( техн.цртежи, упатства и сл.)
- Подготовка на извештај за превземени превентивни и корективни активности за подобрување на продуктивноста во електро-инженеринг одделот
- Управување со процесот на промени на барање на производство или од страна на купувачи / клиенти
Потребни квалификации:
- Високо образование – Електро Факултет (задолжително)
- Работно искуство од областа на електрични и контролни панели или производствени процеси од развој до сериско производство
- Сертификат од областа на електриката – ќе се смета за предност
- Одлично познавање на работа со компјутер, MS Office, Auto Cad ( или други алатки за цртање)
- Одлично познавање на Англиски јазик (читање, пишување, зборување)
- Одлични комуникациски вештини со клиенти, вработени, менаџери и колеги
- Способност за самостојна и тимска работа и работа под притисок со кратки рокови
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 29.02.2024 год. по електронски пат на следнава адреса: [email protected], или директно во просториите на фабриките. Задолжително ставете назнака:
Електро Инженер – во производна единица ТЕЛ АД
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.