Радио Кочани
Кочани

Во хотелот Центробизнис во Виница  по 42 пат традиционално се одржа Лозаро-овоштарска вечер…

1,519

Синоќа во хотелот Центробизнис во Виница  по 42 пат традиционално се одржа Лозаро-овоштарска вечер на која присуствуваа голем број лозари и овоштари од Виничко. Виничани ја негуваат оваа традиција речиси половина век и секоја година со нетрпение ја очекуваат незаборавната дружба која ја носи оваа вечер.

Кумството од старите кумови беше предадено на новите, а истакнати беа  производителите на најдобрите вина и ракии во Општина Виница.

Претходно имаше  дегустацијата на вино и ракија во која се дегустираа мостри од вина и ракии од страна на стручни лица кои имаа задача да утврдат од која мостра „едноставно ќе пиете и ќе уживате“. Се тестираа мирисот, вкусот, бојата и други карактеристики кои ја дефинираат самата мостра, а производителите се натпреваруваа за најдобро бело и црвено вино, како и за лозова и сливова ракија.

Жири комисијата имаше тешка задача да ги избере најдобрите меѓу најдобрите.

Првото место за најдобро бело вино му припадна на Венцо Нацев, а за црвено вино на Орце Михајлов. Најдобар производител на лозова ракија беше прогласен Виктор Димитров, а на сливова Драги Иванов.

Овој настан во Општина Виница се одбележува повеќе од четири децении и за производителите на вино и ракија претставува значаен репер кој го бележи усовршувањето на нивниот занает. Соната Бенд од Велес направија прекрасна забава, а лозарите и овоштарите заедно наздравија за уште една плодна година и си посакаа наредната година да биде уште поплодна.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе