Радио Кочани
Кочани

ПО 58 ДЕНА БОРБА, МАЛИОТ ТОНИ СЕ ВРАТИ ДОМА ВО КОЧАНИ

1,621

Малиот Тони од Кочани е предвремено родено бебе кое успеа да ги надмине предизвиците на прераното раѓање и да си замине дома со неговите родители.

Како што информираат од Одделот за интензивна нега и терапија (ОИНТ) при Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје (ГАК), малиот Тони бил роден во 31-ва недела од бременоста со тежина од 1.100 грама.

На голема радоста на медицинскиот персонал кој неуморно се грижеше за него во изминатите 58 дена, Тони успеа да се избори со предизвиците и со тежина од 1.840 грама  си замина дома.

„Биди среќен наш мал борецу и имај детство исполнето со љубов и здравје’’.

Уживај во прегратките на твоите родители додека растеш во среќно и здраво дете“ – му порача персоналот на ГАК на официјалната Фејсбук страница

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе