Стотина дечиња денеска учествуваа во Бадниковата поворка која тргна од црквата „Св. Великомаченик Ѓорги“. Додека дефилира низ улиците во Кочани дечињата ја пееја Божиќната песна „Вечниот Бог“.
Поворката најпрвин замина на средба со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, а потоа се упати кон градскиот парк.
Бадниковата поворка е предвесник на Христовото раѓање. Денеска е Коледе, утре е Божиќ – два празника кога семејството треба да биде дома, да се собере околу бадниковата посна трпеза, а веќе утре да ја прими благопријатната вест за раѓањето на спасителот Исус Христос.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе