Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во средното стручно училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани денеска се отвори новиот тренинг центар за PLC програмирање.
На отворањето беа присутни претставници од приватниот и образовниот сектор, меѓу кои и директорот на „Амфенол Технолоџи Македонија“, Сашко Наков, директорот на СОУ „Гошо Викентиев“, Владо Симеонов, градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, како и директорот на активностите на USAID Партнерства за економски раст Дејан Јаневски.
Настанот беше организиран од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани и најголемата компанија во регионов „Амфенол Технолоџи Македонија“ во соработка со активностите на USAID Партнерства за економски раст и Млади кои создаваат можности.