Радио Кочани
Кочани

Започна санацијата на архитектурата и партерното уредување на Споменикот на слободата

935

Деновиве започнаа работите од проектот за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и партерното уредување на Споменикот на слободата, којшто Општина Кочани го реализира со поддршка од Амбасадата на САД во РС Македонија преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство.

Во тек е отстранување на мермерните облоги од амфитеатралниот дел на северната страна на Споменикот, како една од неговите најоштетени површини. Работите ги изведува  фирмата „Исток мермер“ од  Долни Подлог, избрана за најповолен економски оператор по реализирана тендерска постапка.

Наредниов период ќе се работи на санација на оштетената бетонска подлога; демонтажа и замена на подните облоги од мермер и травертин; санација на амфитеатралните и на пристапните скали со тераса и сценски партер. Проектот опфаќа и санирање на оштетените вертикални ѕидни површини и чистење и пескарење на бетонските ѕидни платна и нивна заштита од атмосферските влијанија. За овие градежни работи се наменети 8.205.110 ден.

Конзерваторско-реставраторските работи на мозаичките фризови на заштитеното недвижно добро Споменик на слободата ќе се реализираат по одделно спроведена јавна набавка.

Вкупниот износ на грантот од Амбасадата на САД е 254.300 американски долари.

Целта на проектот е да се подобри севкупна физичка состојба на Споменикот на слободата и да се вратат неговите суштински вредности и уметнички израз.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio