Радио Кочани
Кочани

Националната годишна награда за жена претприемач на микрокомпании ја доби Бранка Настевска од Кочани

4,818

Во организација на Здружението на бизнисжени, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија, во Скопје се одржува Третиот годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво.

На самитот на тема „Жените во претприемништвото – клуч за зајакнување на економијата“, во соработка со Министерството за економија и Националната платформа за женско претприемништво беа доделени и наградите за најуспешни претприемачки за 2023 година.

Наградата за жена претприемач во категоријата микрокомпании ја доби Бранка Настевска од Кочани, сопственичка и управителка на Друштвото за производство, трговија и услуги „Настевски ЛБ“, која според податоците од Централен регистар исполнила најмногу од зададените критериуми за изборот.

Во панел-дискусијата за Улогата на националните, регионалните и локалните институции во јакнењето на женското претприемништво, учествуваше  градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој ја истакна важноста  на координираното дејствување на сите институции заради подобра ефикасност и ефективност на применетите мерки.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе