Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ИНТ Трејд Дооел од Кочани донираше 2 лаптопи на Бистри Умови кои ќе бидат наменети за ученицитe, натпреварувачи кои се во Македонскиот тим на Балканска Јуниорска Олимпијада по Информатика, за која оваа година домаќин е нашата Држава. Олимпијадата почнува овој викенд и ќе се одржува во Хотел Сириус во Струмица , каде што во организацијата покрај Здружение на Информатичари се најде и кочанското Здружение Бистри Умови, а во самата организација и Претседалот на Бистри умови Анита Атанасова-Грчев. Двата лаптопи денес беа предадени пд сопствениците на ИНТ од Кочани кои уште еднаш покажаа дека се општествено одговорна компанија, а истите ги прими Владимир Грчев кој е и еден од Натпреварувачите кои ја претставуваат Нашата Држава и оваа година.
Покрај олимпијадата која што е актуелна сега, Бистри Умови на почеток на овој месец започна со реализација на Бесплатни курсеви по Математика и Информатика за учениците од целата Држава и истите ќе траат неколку месеци