Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
13 издавачки куќи од Македонија со своја понуда неделава настапуваат пред читателската публика во Кочани.
Ова е 17 – ти Саем на книгата што го организира Библиотеката “Искра”.
Љубителите на убаво напишаниот збор можат да бираат, пред себе имаат доста книги со различни жанровски содржини. Саемот е од продажен карактер и го отвори кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов.