Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Дел од кочанските пензионери денеска повторно одржаа протест во градскиот парк, за да јавно ги изразат барањата за повисоки пензии. Овој протест следува по трите собири и блокирање на кочанските улици кои кочанските пензионери ги имаа во текот на октомври.
– Протестите немаат никаква политичка или партиска позадина, но секој пат баравме поддршка од сите политички партии. За жал, партијата на власт, ниту еднаш не нè удостои да застане тука со нас.
Но ние остануваме достојни и истрајни со нашите ставови. Колку и да сме песимисти нашиот глас за достоинствен живот стигна и до меѓународните институции, порачаа кочанските пензионери на денешниов протест.