Радио Кочани
Кочани

ЛДП со еко акција го исчисти Споменикот на слободата на “Локубија“

326
Во духот на заедницата и посветеноста кон животната средина, Либерално-демократската партија Кочани во нашиот град викендов организираше еко акција за чистење на областа околу споменикот “Локубија”, симболот на град Кочани.

 Настанот ги обедини членовите на партијата и волонтерите во заеднички напори да го направиме нашиот град почисто и позелено место.
Под водство на претседателот на Либерално-демократската партија Кочани, Тоше Михајлов, заедно со членови на Либерално демократската младина беше реализирана една од многуте планирани акции и настани како “follow up” на тематската конференција на ЛДП.
Оваа еко акција е доказ за грижата на партијата кон животната средина и одржливо општество. Воедно испраќаме јасна порака дека Либерално-демократската партија не се занимава само со политика, туку работи на активен придонес за подобрување на нашиот град. Дополнително со оваа акција сакаме да ја кренеме свеста на Кочанчани, да си го сакаат и почитуваат градот со сите свои убавини.
 Оваа еко акција е светол пример за тоа како обединетата заедница може да работи заедно за да ги заштити и разубави нашите заеднички простори. Тоа служи како потсетник дека кога ќе се собереме, можеме да постигнеме големи работи, а сето тоа започнува со чиста и зелена средина.
ЛДП Кочани
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio