Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На подрачјето на ОВР Кочани физичка пресметка помеѓу две лица и одземање мотоцикл поради возење без возачка дозвола
Секторот за внатрешни работи од Штип информира за два настана што се случиле на 14 – ти овој месец на територијата што ја покрива ОВР Кочани.
Во првиот случај станува збор за нарушување на јавниот ред и мир во селото Спанчево, Општина Чешиново – Облешево. Имено, во 11, 30 часот во ОВР Кочани било.пријавено дека во споменатото село по претходна вербална расправија , дошло до физичка пресметка помеѓу 51-годишната Ж.М и Т.А (48) двајцата од с. Спанчево. По целоцно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Н.П, ( 49) од Кочани, откако тој, управувајли мотоцикл со кочански регистарски ознаки на ул. „Теодосија Паунов“ бил сопрен и при тоа било констатирано дека не поседува возачка дозвола.
По насоки на јавен обвинител мотоциклот е одземен и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
