Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот брегалнички г. Иларион, денеска во храмот „Свето Преображение“ беше извршен чинот на осветување на новопоставениот црковен крст и камбанаријата.
Светиот чин на осветувањето го извршија свештеници од Кочанското архиерејско намесништво, во присуство на верници кои ја споделија духовната радост од овој значаен настан.
Од храмот истакнуваат дека осветувањето на крстот и камбанаријата претставува важен чекор во уредувањето на светилиштето и духовниот живот на парохијата.
„На многаја лета“, порачаа од храмот по завршувањето на свечениот чин.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе