Радио Кочани
Кочани

„Доста беше“: Фирма со тројца вработени добила тендер вреден над 50.000 евра од КЈП „Водовод“

936

Советничката група „Доста беше“ обвини за  спорна јавна набавка во КЈП „Водовод“ – Кочани, поврзани со договорот склучен со фирмата „ДК Универзал“.

Според изнесените информации, во текот на јуни јавното претпријатие склучило два договори со оваа компанија, чија вкупна вредност надминува 50 илјади евра.

Едниот договор се однесува на набавка на автоделови за товарни возила во вредност од 1.384.000 денари, додека вториот е за сервисни услуги во износ од 900.000 денари.

Од „Доста беше“ посочуваат дека фирмата, според нивните сознанија, има регистрирана дејност поврзана со послужување храна и располага со тројца вработени.

Дополнително, тврдат дека во периодот кога го добила тендерот била во блокада.

Компанијата ќе врши сервисни услуги за хидраулични возила. Во договорот за набавка на автоделови за товарни возила има околу 1.500 ставки, што претставува обемна спецификација дури и за фирми од оваа област. Дополнително, сопственикот на фирмата е близок пријател на директорот на претпријатието“, изјави Филип Цветанов од советничката група „Доста беше.

Од советничката група побараа директорот на КЈП „Водовод“ – Кочани во рок од седум дена јавно да ги образложи околностите под кои се склучени договорите.

Воедно, најавија дека ќе се обратат и до Основното јавно обвинителство со барање за проверка на постапката и наводите што ги изнесуваат.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio