Радио Кочани
Кочани

Јана Јордановска од Кочани ја претставува Македонија на престижниот FIBA камп во Турција

145

Младата кошаркарка од Кочани, Јана Јордановска, доби значајно меѓународно признание откако беше избрана да биде дел од македонската репрезентација до 14 години на престижниот FIBA Youth Development Fund (YDF) камп што се одржува во Чанаккале, Турција.

Кампот, кој се реализира од 22 до 27 јуни, ги собира најталентираните млади кошаркари и кошаркарки од регионот, овозможувајќи им да стекнат нови искуства, да ги унапредат своите вештини и да се натпреваруваат со врсници од повеќе земји.

Од КК Баскет Дино Кочани истакнуваат дека изборот на Јордановска претставува потврда за нејзината посветеност, дисциплина и континуиран напредок на теренот.

– Овој повик е резултат на нејзината напорна работа, посветеност на тренинзите и квалитетот што го покажува во дресот на клубот. Јана прераснува во вистински лидер и пример за младите генерации кошаркари во Кочани. Настапот на ваков камп е важен чекор во нејзиниот спортски развој – велат од стручниот штаб на клубот.

Учеството на Јана Јордановска на FIBA YDF кампот претставува голем успех не само за неа и нејзиниот клуб, туку и за кочанската кошарка во целина, која продолжува да создава млади спортски таленти со потенцијал за меѓународна афирмација.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне
Kocani Radio