Радио Кочани
Кочани

На 28 јуни – организирано пешачење до Гоцева Шума

117

В недела, 28 јуни 2026 година, од 8 ч., Општина Кочани во соработка со Карате клубот „Партизан“ од Кочани, ќе ја реализира активноста „Пешачењето е здравје“.

Членови на КК „Партизан“ и на други спортски и рекреативни здруженија и рекреативци ќе пешачат од Градскиот плоштад до Гоцева Шума, каде каратисти ќе имаат презентација на карате вештини и ќе ги претстават идните клупски активности.

„Пешачењето е здравје“, иницирано и поддржано од Општина Кочани има за цел да ја поттикнува физичката активност како фактор за добро здравје, да го промовира спортот и да ја јакне соработката со граѓанскиот сектор.

Активноста се реализира согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2026 г.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio