Радио Кочани
Кочани

„Винил берза Кочани“ по шести пат ќе ги обедини љубителите на музиката

69

Љубителите на винил плочите и добрата музика повторно ќе имаат можност да уживаат во уникатна атмосфера на шестото издание на „Винил берза Кочани“, настан што ќе се одржи на 12 јули  во Irish Pub Guinness во Кочани.

Настанот ќе трае од 11 до 18 часот и ќе понуди богата понуда на винил изданија, дружење и музика за сите генерации.

Организаторите најавуваат одлична атмосфера и можност посетителите да пронајдат ретки и интересни музички изданија.

Посебна карактеристика на берзата е што самите изложувачи ќе се претстават и како диџеи, создавајќи дополнително музичко доживување за посетителите.

„Винил берза Кочани“ веќе прераснува во препознатлив настан за љубителите на аналогниот звук и музичката култура, потврдувајќи дека страста кон винилите и понатаму живее меѓу кочанчани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio