Радио Кочани
Кочани

Троеручица – нов духовен бисер на храмот „Свети Димитриј“ во Ново Село

112

Преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора веќе е дел од храмот „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде во изминатите денови пристигнуваат бројни верници за да се поклонат и помолат.

Станува збор за една од најпочитуваните православни светињи, а нејзиното присуство во Штип се смета за настан од особено духовно значење за градот и целиот источен регион. Верниците пред иконата упатуваат молитви за здравје, семејна среќа и благослов, додека свештенството посочува дека таа ќе остане траен духовен дар за храмот.

Со поставувањето на преписот на Троеручица, храмот „Свети Димитриј“ добива уште поголемо значење за православните христијани, а се очекува во наредниот период да го посетуваат верници од повеќе градови во земјата.

Инаку, иконата на Пресвета Богородица Троеручица во Штип пристигна на 6 јуни, кога беше пречекана со свечена литија и голем број верници, по што беше пренесена во храмот „Свети Димитриј“ во Ново Село.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio