Радио Кочани
Кочани

ЌЕ СЕ ГРАДИ ДОЛГОНАЈАВУВАНИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА -ДЕЛЧЕВО

2,936

Изградбата на овој пат ја најави премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Виница.

ремиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на нов инфраструктурен проект, експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој, како што рече, со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка.

– Следната недела ќе биде распишан, јавен повик за изработка на физибилити студија на предпроектно решение практично со што отпочнуваме со реализација (на овој проект, тоа се од прилика процес од неколку месеци, а потоа со средства од буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции ќе биде објавен тендер за реализација по принципот на овој проект, којшто ќе биде многу значен, и е ветуван со години, но еве дојде ред да се реализира – рече Мицкоски.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio