Радио Кочани
Кочани

Митрополитот Иларион го освети манастирот „Св. Димитриј“ во Кочани

211

Во населбата Трајаново Трло денеска свечено беше осветен новоизградениот манастир „Св. Димитриј Солунски“.

Чинот на осветувањето и Светата архиерејска литургија ги предводеше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештенослужителите од Кочанското архиерејско намесништво.

На свеченоста присуствуваа голем број верници, кои со молитва и духовна радост го одбележаа овој значаен ден за православните христијани.

Манастирот „Св. Димитриј Солунски“ започна да се гради во 2022 година, со благослов на Брегалничката епархија.

Неговата изградба беше реализирана од страна на Црковниот одбор на храмот, со поддршка и донации од бројни граѓани и стопанственици, кои придонесоа ова свето место да стане духовен дом за верниците од регионот.

Осветувањето на манастирот претставува значаен духовен настан и уште еден симбол на заедништвото, верата и традицијата во Кочани и околината.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio