Радио Кочани
Кочани

Вечерва во 18 часот премиера на претставата за деца “Малата принцеза”

106

Ве поканувамe на премиерата на Детската театарска претстава „Малата принцеза“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани.

Претставата е приказна за принцезата со златен глас, во режија на Сања Гацовска.

Играат членовите на драмското студио:
Маја Станојкова, Андреа Митева, Алекс Дончевски, Ана Тасева, Софија Беличева, Ана Лефкова, Марија Гоцевска, Душица Ѓорѓијевска, Ели Димитрова, Илина Гушкова, Анастасија Димитрова и Софија Ангелов.

Премиерата на претставата е закажана на 11.05.2026 година ( понеделник ) во 18 часот.

На 12, 13 и 14 мај, во денски термини, претставата ќе се изведе за организирани училишни посети наменети за деца од прво и второ одделение и за деца од предучилишна возраст.

Билети може да се купат на билетарата во Центарот за култура по цена од 100 денари.

Со почит,

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio