Радио Кочани
Кочани

Угостителите во Кочани ќе мора да ги отстранат градбите пред објектите, кафулињата веќе ги отстранија застаклените делови

2,086

Угостителите со објекти на катот во Трговскиот центар  – блок А во Кочани во текот на наредната недела ќе мораат да ги отстранат времени градби – тераси поставени пред нивните локали на јавно прометна површина.

Просторот на катот во Трговскиот центар – блок А треба да биде вратен во првобитната состојба. Ова значи дека плочникот пред локалите (сите пицерии) мора да биде целосно расчистен и прооден за минувачите, а не како сега, пешаците да се движат низ мал „тунел“ широк метар и половина, велат одговорните.

Ова, како што нагласуваат, е последицата на средбата на градоначалникот Владко Грозданов со угостителите од пред два месеца. Тогаш е постигнат договор за отстранување на времените објекти на катот во Трговски – блок А,  што се третираат како бесправно изградени. Притоа, угостителите на сопствен трошок ќе ги отстрануваат градбите во дадениот рок.

Подоцна, во согласност со важечките законски прописи, сопствениците на угостителските објекти ќе можат да побараат од надлежните во општинската администрација, да им одобрат користење на јавно прометната површина. Доколку добијат согласност за такво нешто, ќе можат да постават подвижни тенди, чадори и друга  опрема за вршење  угостителска дејност, но просторот што ќе го користат не смее да биде ограден. Ќе мора, според важечките прописи, да биде отворен од три страни.

Што се однесува до кафулињата на приземјето во Трговски- блок А во Кочани, тие веќе го направија она што се бараше однив и ги отстранија застаклените делови од локалите што се на јавна површина. Кај нив тендите нема да се отстрануваат.

Отстранувањето на времените градби-тераси од пред угостителските објекти, освен за објектите во Трговскиот центар блок А и Б, важи за сите  угостителски објекти на територијата на Кочани.

Денеска, иако е државен празник, претставници на комуналната и градежната инспекција на Општина Кочани беа излезени на терен и вршеа увид во состојбата

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio