Радио Кочани
Кочани

В понеделник започнуваат Велигденските пости, а во недела е Прочка

1,175

В недела, православните христијани го чествуваат празникот „Прочка“, односно тоа е ден на меѓусебно простување помеѓу верниците.

В понеделник, пак, 23 февруари, почнуваат и велигденските пости, а тоа  не занчи  само откажување од мрсната храна, туку најважно е да се работи  на воздржувањето од лошите мисли и дела.

Свештениците апелираат во деновите на постот повеќе внимани  да се посвети на молитвата и Литургијата.

Радио Кочани на оваа тема зборуваше со отец Димитар Арсовски од храмот „Св.Вмч. Георгиј“.

Велигденскиот пост опфаќа седум недели и трае 48 дена, однсоно од Прочка до Велигден.

Постот нема свој постојан датум, туку зависи од определениот датум на Велигден.

Годинава Велигден се празнува на 12 април.

https://www.facebook.com/share/v/1LBFVXi6Z8/

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio