Радио Кочани
Кочани

Од денеска во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ започнува пријавувањето за скокање по Честниот крст

191

Денеска, среда, 14 јануари 2026 година, во православниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани започнува пријавувањето за учество во традиционалното фрлање на Чесниот крст во водите на Кочанска Река.

Право на учество имаат полнолетни мажи од христијанска вероисповед, со навршени 18 години, да сежители на општина Кочани, како и задолжително да приложат лекарска потврда дека се здрави.

Пријавувањето ќе се врши најдоцна до недела, 18 јануари, во периодот од 8 до 15 часот, во кочанскиот храм.

Информацијата за Радио Кочани ја потврди протојереј-ставрофор Гоце Ефтимов.

Празникот Богојавление – Водици се одбележува в понеделник, 19 јануари, при што тој ден е државен празник и неработен ден.

Потопувањето на Чесниот крст ќе се одржи на мостот во Паркот на револуцијата, каде што оваа верска манифестација традиционално се организира секоја година.

За точниот термин на настанот, Радио Кочани ќе ја информира јавноста навремено.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio