Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ИО „Ластовица“ го заврши својот традиционален зимски камп на Осогово
ИО „Ластовица“ го заврши својот традиционален зимски камп на Осоговo

И оваа година успешно заврши Зимскиот камп на ИО „Ластовица“ од Кочани , во кој учествуваа околу 60 извидницици од 6 до 16 години.

Извидниците со своите старешини и водачи беа сместени во „Осоговски конак“.

На кампот беа застапени различни активности:
Дневен и ноќен хајк
Извиднички вештини (врзување на јазли и орентација)
Презентација за безбедноста на планина во зима и основи реквизити и нивно користење во алпинизмот.
Квизови (со натпреваруваки карактер од различни области);
Уметничко – забавен дел ( правење на Зимски град од снег со ликовни изработки, како и презентација за уметнички и традиционални танци)
Презентација за коледарските обичаи и правење на коледарски колачиња
Логорски огин.

Голема благодарност за презентерите и поддржувачите на одредот: Доброволна планинска спасителска служба Осогово; Магдалена Кочовска, Александра Димитрова, Вера Костова.
ИО„Ластовица“- Кочани
