Радио Кочани
Кочани

Мирен почеток на 2026 година во Кочани – дежурните служби без поголеми интервенции

282

 

Новогодишната ноќ во Кочани поминала релативно мирно, информираат дежурните служби, а информациите ги потврдија за Радио Кочани надлежните институции.

Во Општата болница со проширена дејност во Кочани, во службата за Итна медицинска помош биле прегледани вкупно 26 лица.

Кај пациентите била евидентирана здравствена симптоматологија што не била поврзана со новогодишната прослава.

Укажана била помош и на едно лице со полесна телесна повреда добиена во физичка пресметка.

Како што информира за Радио Кочани во кочанската општа болница во наведениот период не биле регистрирани случаи на алкохолна интоксикација.

Воедно, на Гинеколошко-акушерското одделение немало породувања, па Кочани сè уште го очекува првото новороденче во 2026 година.

Од СВР Штип – ОВР Кочани соопштија дека во текот на ноќта било лишено од слобода едно лице поради опасно однесување во сообраќајот, откако се движело во спротивен правец на кружен тек и по една од градските улици.

Мирна новогодишна ноќ регистрирала и Територијалната противпожарна единица Кочани, која немала интервенции.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio