Радио Кочани
Кочани

Во Кочани денес е отворена канцеларија на пратеник од ЗНАМ

661

Во Кочани денес е отворена канцеларија на пратеникот од ЗНАМ,Павле Арсоски.

Одлуката јас како пратеник на ЗНАМ од ИЕ-3 да ставам во функција пратеничка канцеларија токму тука, во Кочани, беше донесена после сериозна промисла, емпатија, родителска и човечка грижа за добробит на граѓаните од Истокот.  

Особено на граѓаните на Кочани на кои им е потребна отворена врата и уште еден дополнителен глас, кој ќе биде глас на народот.

 Канцеларијата ќе биде место каде што граѓаните ќе може да се обратат, да поставуваат прашања, да истакнуваат проблеми, предлози и иницијативи.

Оваа канцеларија посакувам да биде мост на доверба и на одговорност.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio