Радио Кочани
Кочани

45 годишна жена од Горни Подлог управувала возило со 2,63 промили алкохол во крвта

4,852

На 14.12.2025 во 20:01 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода Н.М.(45) од с.Горни Подлог, кочанско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против 45 годишната ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio