Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот Грозданов одржа работен состанок со директорите на кочанските училишта

310

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов одржа состанок со директорите на основните и на средните училишта во Општина Кочани, на кој присуствуваше и директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев со стручните служби.

На состанокот се разговараше за можните решенија за справување со наталожениот долг на училиштата кон комуналното претпријатие.

Директорите ги презентираа финансиските планови на училиштата за 2026 година и со службите за финансии од Општина Кочани ги усогласуваа годишните планови со Буџетот на Општина Кочани за идната година.

На дневен ред беше и реализацијата на инфраструктурни проекти и други активности на училиштата, како од општинскиот буџет така и во соработка со Министерство за образование и наука и со Владата.

Се дискутираа и предлог-програмите за 2026 година за поддршка на образованието и за спорт, при што беше ставен акцент на можноста за бесплатно користење на училишните спортски сали.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio