Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Возач со 1,84 промили предизвика оштетување на имот во Кочани – приведен од полицијата
На 04.12.2025 во 08:20 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Џ.А.(41) од Кочани. Претходно, тој со возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во врата од двор на ул.„Шукри Шаин“ во Кочани, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.