Радио Кочани
Кочани

Амбасадорот на Шведска ја посети Општина Кочани

333

Амбасадорот на Шведска, Н: Е. Ола Сулстром денеска оствари официјална  средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов.

На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во која се наоѓа Општината, како и за реализацијата на проектите што се спроведуваат со поддршка од Шведска.

Градоначалникот Грозданов изрази искрена благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува за Кочани, особено за брзата и значајна помош веднаш по трагедијата на 16 март, како и за реализираните средби и психосоцијални активности што следеа во периодот по настанот со делегација од Гетеборг, во која беа и преживеани од пожарот во 1998 година во дискотека во Гетеборг.

Двајцата соговорници ја потврдија важноста на досегашната соработка и ја истакнаа подготвеноста за нејзино натамошно продлабочување преку нови иницијативи и проекти во интерес на локалната заедница.

Градоначалникот Грозданов посочи дека ваквите партнерства се од клучно значење за забрзан развој и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio