Радио Кочани
Кочани

Ќе се реконструира просторот под трибините на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани

326

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и претседателот на Советот на Општина Кочани Александар Андов, остварија конструктивна средба со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, на која беше потврдена силната поддршка од ФФМ за развојот на спортската инфраструктура во Кочани.

Фудбалската федерација на Македонија ќе биде инвеститор на проект за реконструкција на просторот под трибините на Градскиот стадион „Никола Мантов“,  додека Општина Кочани ќе обезбеди комплетна проектна документација. Планирано е со специјализирана машина да се изврши и обновување на подлогата на фудбалскиот терен.

На средбата, градоначалникот Грозданов и претседателот Андов, на претседателот на ФФМ Омерагиќ му врачија подарок – дуксер од ГФК „Осогово“, новиот бренд кој го претставува спортскиот дух и традицијата на нашиот град.

Според градоначалникот и претседателот на Советот, ова претставува уште еден чекор напред кон модернизација на спортските капацитети, а Општина Кочани и понатаму ќе продолжи посветено да работи за подобри услови, нови инвестиции и за развој на спортот како важен дел од заедницата.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio