Радио Кочани
Кочани

Двајца кочански полицајци обвинети за неовластена употреба на сила

3,274

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници — З.Т. и К.Д. — поради сомнение за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ согласно член 143 од Кривичниот законик.

Според пријавата, двајцата полицајци на 7 септември 2025 година постапувале по пријава за гласна музика во Кочани, при што влегле во дворот на пријавеното лице и без законски основи употребиле физичка сила, нанесувајќи му телесна повреда.

Одделот за внатрешна контрола дополнително ќе предложи поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност и ќе изрече мерки за нивно времено отстранување од работното место до нејзино завршување.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio